На аеродромот во Софија е запленет метамфетамин вреден 5,5 милиони евра

На аеродромот во Софија е запленет метамфетамин вреден 5,5 милиони евра

Во Бугарија во пратка со ванила е пронајдено големо количество метамфетамин. Како што јави дописникот на МИА од Софија, товарот дошол од Мексико, како што објасни Стефан Бакалов од Царинската агенција, која раководи со секторот за борба против дрога. Нелегалната пратка е запленета на 28 октомври.

Бугарските цариници по детален преглед утврдиле дека дел од товарот не бил екстракт од ванила, туку околу 450 литри метамфетамин. По пријавувањето на случајот од софиското обвинителство, тие започнаа претреси во различни делови на земјата. Има приведено лице, кое е примач на пратката. Од неговиот дом биле одземени компјутери и мобилни телефони. Метамфетаминот е од групата стимуланси, главни производители се Иран и Мексико, а во Европа – Белгија, Холандија, Полска и Чешка, рече Бакалов. Тој појасни дека случајот е доста интересен. По цените на судскиот систем во Бугарија, запленетата дрога чини 11 милиони лева (5.500.000 евра), но нејзината вредност на црниот пазар е 4 пати поголема. Според Бакалов, дрогата била фатена при проверка по методот на анализа на ризик, а не по сигнал.

Запленетата дрога ќе биде уништена. Надзорниот обвинител во случајот, Иван Кучиев, рече дека уапсениот веќе е обвинет за трговија со дрога и може да се соочи со затвор од 10 до 15 години и парична казна до 200.000 лева (100.000 евра) доколку биде осуден.

Последни вести

Заман Македонија

ZAMAN.MK ©
1994 - 2020 - СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ.
Забрането е преземање на содржина без претходна дозвола на редакцијата.