Алармантно: Во Косово двојно поголем број заболени од канцер

Алармантно: Во Косово двојно поголем број заболени од канцер

Во Клиниката за онкологија при унверзитетскиот клинички центар во Приштина, според извштајот за првото тромесечие од годинава, регистрирани се 378 нови случаи на дијагностициран рак, што претставува 100 отсто поголем број споредено со истиот период лани.

Во тримесечниот извештај стои дека во оваа клинка дневно се третираат од 120-210 пациенти, дека ни еден пациент не е испратен на лекување надвор од земјата, дадени се 40 илјади лекарски прегледи и седум илјади лекарски контроли.

- Во перодот јануари-март 2017, Клиниката за Онкологија функционираше во полн капацитет, во функцја беа сите апарати а искористеноста на болничките кревети е од 100-200 отсто (еден кревет дневно беше користен од еден до два пациента). Дадени се услуги од сите видови хемотерапија, радиотерапја,трансфузиологија, како и други услуги, стои во извештајот на Клиниката.

Болничката статистика потврдува континуиран раст за заболени од канцер. Лани биле регистрирани нови 1.238 случаи што е 430 случаи повеќе споредено со претходната, 2015 година.

Последни вести

Заман Македонија

ZAMAN.MK ©
1994 - 2020 - СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ.
Забрането е преземање на содржина без претходна дозвола на редакцијата.