Генералот на руската армија Герасимов: Турција Купува нафта од ИСИЛ

Генералот на руската армија Герасимов: Турција Купува нафта од ИСИЛ

Началникот на генералштабот на руската армија Валериј Герасимов изјави дека многу често откриваат нафтени танкери на ИСИЛ кои пренсесувале нафта во Турција.

Ова е втор пат како Русија изјавува дека Турција купува нафта од терористичката организација ИСИЛ. Претходо Русија ја пријави Турција во Обединетите Нации во деновите кога Турската армија сруши руски воен авион. Во тврдењата на Русија пред ОН меѓу другото стоеше и дека оваа трговија е од голема корист за семејството на Ердоган.

Овој пат, Русија овие тврдења гиизнесува во период кога односите помеѓу двете земји се во најдобра состојба. Сепак овој пат Русија не ја обвинува Турција за оваа трговија.

* Руските разузнавачки служби многу често откриваат нафтени танкери кои одат во Турција и Ирак од местата во Сирија кои се контролирани од страна на меѓународните сили – изјави Герасимов на брифингот пред воените аташеа на повеќе земји.

Според него, добивките од продажбата се користат за целите на терористичкаѕа организација ИСИЛ.

Последни вести

Заман Македонија

ZAMAN.MK ©
1994 - 2020 - СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ.
Забрането е преземање на содржина без претходна дозвола на редакцијата.