Пилотот кој го пренесувал Ердоган до Истанбул вечерта на воениот удар, обвинет е за членство во движењето Ѓулен

Пилотот кој го пренесувал Ердоган до Истанбул вечерта на воениот удар, обвинет е за членство во движењето Ѓулен

Под сомнение за наводно членство во движењето Ѓулен, уапсени се многу членови од обезбедувањето и голем број на воени лица кои го штитеа турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вечерта кога се случи сомнителниот воен удар во Туција во 2016 година. Инаку Ердоган го обвинува движењето Ѓулен за организирање на пучот.

Еден од уапсените воени лица е и Бариш Јуртсевен, пилотот на воениот авион кој го пренесе Ердоган од градот Даламан до Истанбул.

Јуртсевен е шриведен откако обвинителството утврдило дека ја користел мобилната апликација за бесплатни разговори Вylock и дека имал сметка во веќе затворената банка Банкасја. Користењето на Вylock и поседувањето на банкарска сметка во Банкасја во Турција се смета како силен доказ за членство во движењето Ѓулен.

Последни вести

Заман Македонија

ZAMAN.MK ©
1994 - 2020 - СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ.
Забрането е преземање на содржина без претходна дозвола на редакцијата.